Светот живее во екстремна дебелина и неухранетост истовремено

84

Светот влегува во ера на глобална несигурност во однос на исхраната, што веќе дава резултат во “двојната неповолст” на човештвото – истовремена дебелина и неухранетост, и тоа се случува не само во една иста земја, но дури и во едно исто семејство, пишува The Independent, повикувајќи се на водечки британски експерт.

Според Ален Дангур од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, ќе станува честа појава дебели родители во земјите во развој да одгледуваат прегладнети и неразвиени деца, бидејќи висококалоричната храна е поевтина и полесно достапна отколку хранливата храна, потребна за човековото здравје.

Светот влегува во период на сè поголема несигурност како во пристапот до храна, така и во својата разновидност, а видовите храна, до кои имаме пристап, ќе се менуваат, тврди докторот, кој е лидер на тим кој ја проучува несигурноста во глобалната исхрана и нејзиниот ефект врз здравјето.

“Резултатот од ова се нарекува “двојно бреме “на неухранетост. Недоволната исхрана доведува до глад и одложен развој кај децата, додека дебелината и прекумерната тежина кај возрасните е друга форма на неухранетост, предизвикана од погрешната исхрана “, резимира научникот.