Во летото сме изложени на долготрајно седење на сонце. Одморот на плажа е пријатен, долго очекуваниот тен е присутен, но ретко работите се толку ведри и идеални.
Често се појавуваат пигментни дамки кои ја загрозуваат кожата. Претежно тоа влијае на кожата на лицето , за жал, бидејќи таа е постојано изложена на штетното влијание на сончевите зраци.
Како да се ослободите од пигментните дамки на природен начин?
Со портокал! Најдобриот начин за третирање на пигментацијата е маската со портокал . Ефикасноста, се разбира, зависи од типот на кожата и постојаноста во примена за одреден период на време.
За најдобри резултати е препорачливо да ја правите колку што е можно почесто.
Што ви треба? Еве ова:
- 2 лажици леќа
- кора од 1 портокал
- 1 лажица мед
- малку млеко
Земете ја леќата и натопете ја во млекото. Треба да отстои така впивавјќи едно деноноќие.
Во меѓувреме излупете ја кората од портокал и иситнете ја. Измешајте го млекото и леќата со кора од портокал во блендер. Смесата треба да формира паста и важно е да се обидете да ја исцедите секоја течност од неа.
Исчистете го лицето. Нанесете ја маската. Оставете да се исуши. Потоа внимателно исплакнете со топла вода.
Применувајте ја оваа маска 4-5 пати неделно во период од најмалку еден месец и ќе се радувате на добри резултати против пигментните дамки.


















