Храна за борба против мигрената

168

Некои луѓе страдаат од тешки главоболки. Тие може да се јават во различни околности (силен ветер или студ, музика, висина и т.н.).

Затоа експертите советуваат да ги истражувате причините и да ги одбегнувате. И сепак ако мигрената ве прогонувала или почувствувате дека се приближува, може да сметате на неколку јадења кои ќе ви ја олеснат болката.

Спанаќ

Ова исклучително зелено растение содржи рибофлавин, тип витамин Б, кој помага да се избегне мигрената.

Мрсна риба

Овие моќни омега-3 масни киселини имаат силни анти-воспалителни својства и можат да ја намалат болката од хронична главоболка.

Лубеница

Ако главоболката е поврзана со дехидрација, добро е да му дадете на организмот вода. Во овој случај екстремно корисни се краставиците и лубеницата. Ние преземаме околу 20% од потребната вода преку храната. Но, лубеницата ни дава уште важни минерали како магнезиум и калиум.

Компири

Зборувајќи за калиумот, тој го има во изобилство во печени компири (со корка). Во еден просечен компир има 926 милиграми од минералот, што е двапати повеќе отколку што има во бананите.

Кофеин

Ако не се предозирате, кофеинот навистина може да ви помогне при главоболка. Многу лекови против болки содржат кофеин во мали дози, бидејќи тој помага да се апсорбираат побрзо другите материи.

Внимавајте да не примите повеќе од 500 милиграми кофеин (5 шолји кафе) дневно, бидејќи тоа може да доведе до главоболка, предупредуваат од Everyday Health.

Бадем

За лекување на мигрената имате потреба од магнезиум. Потребната доза ја набавуваме од 80 грама од јатките, тврдат од списанието Journal of Neural Transmission.