Работите кои го тераат партнерот да изгуби трпение

1865

Кога двајца луѓе ќе почнат живеат заедно, нивниот живот радикално се менува. Затоа, за да опстане нивниот однос (или семејниот живот), тие треба да прават голем број компромиси и да се полни со огромно трпение.

За жал, малкумина денес ги поседуваат спокојството и мудроста да не реагираат остро на партнерот кога ги задеваат и така да се поштедат од семеен скандал.

Bach Original Flower Remedies направи кратко истражување и откри кои се причините за карање и кога вљубените најчесто да губат трпение спрема партнерот, а тоа се:

Доцнењата

Речиси кај секоја двојка на едниот му треба повеќе време за да се подготви за излегување, што пак предизвикува другиот да се нервира дополнително. Навиките тешко се менуваат и бавноста продолжува да биде причина за расправии меѓу двајцата.

Правилно извршување на обврските

Дамите често копнеат да бидат ослободени од партнерот во некои од домашните обврски, но кога тој сепак ќе направи нешто по своја иницијатива (што во принцип го прави таа), доаѓа сомнежот: “Да не ми навестува дека не го правам добро?”. И еве нова причина за семеен скандал.

Сексот

Ако сте заедно долго време, би требало да сте свесни за сексуалните желби на вашиот омилен / омилена. И сепак често едниот партнер сака подинамичен секс, додека другиот се надева на бавно и романтично водење љубов, што може да доведе до несогласувања и во кревет.

Продолжува на страна 2