Научниците лекуваат рак со геномодифицирани клетки

717

Кинески научници од Универзитетот во Сечуан соопштија дека успеале да постават нов тип геномодифицирани клетки во пациент кој страда од агресивна форма на рак на белите дробови, соопшти списанието Nature.

Пациентот се согласил да стане првиот човек кој ќе се обиде да се лекува преку методот за “уредување” на гени CRISPR.

Првата фаза на пробното лекување помина успешно. Онколози веќе нашле уште 9 лица кои сакаат да учествуваат. Секој од нив ќе биде набљудуван минимум 6 месеци, за да се провери дали геномодифицираните клетки предизвикале сериозни несакани ефекти.

Клеките се ставаат во телото преку инјекција. “Уредувањето” на клетки се со оневозможен протеин PD-1. Токму тој го запира имунолошкиот систем да ги нападне клетките на ракот и им овозможуваат да се шират. Надежта е дека кога PD-1 е оневозможен, модифиираните клетки ќе можат да го атакуват и уништуваат ракот.

Според научниците од Универзитетот во Колумбија, методот е премногу сложен и скап. Покрај тоа тешко може да се користи масовно, бидејќи редакцијата на гените треба да се усогласи со соодветниот пациент. Сепак тестовите продолжуваат, а методот CRISPR на теорија може да се користи за менување на бројни характерстики на организмот, да се избришат наследни болести.

Сепак методот предизвика контроверзност за етиката и интервенцијата во организмот. CRISPR сеуште е во рана фаза на развој, но брзо напредува и тестови како овој на кинеските специјалисти е индикативен за тоа.