Овие витамини и минерали можат да бидат штетни

1755

Посветувањето на исхраната богата со витамини и минерали, се претвори во начин на живот за многу луѓе.

Според последните анкети, сепак долгорочното консумирање на некои од елементите во додатоците не само што не води кон подобрување на здравствената состојба, но може и да наштети.

Кои се микроелементите кои не е добро да ги земате во форма на додаток?

Калциум

Сме слушнале за корисноста на калциумот за коските. Тој е препорачан на илјадници жени во светот во борбата против остеопорозата. За малите деца исто калциумот е важен за градење и цврстината на коските. Против мноштво коскени страдања исто се препишува внес на калциум.

Истражувањата покажуваат дека калциумот сам по себе не функционира токму онака како што мислиме. Тој не оди право во коскената материја за да ја “пополни” и направи поцврста.

Всушност поголемиот дел од него се акумулира во меките ткива. На овој начин калциумовите депозити ја попречуваат сериозно работата на крвните садови и срцето. Тие можат да се акумулираат и во бубрезите и да помогнат за формирање на камења.

Наместо да земате синтетички калциум, фокусирајте се на храна богата со овој минерал како зелен лиснат зеленчук, лосос, сардини, мешунки, бадеми, брокула.

Железо

Многу луѓе во светот страдаат од анемија. Дополнителното количество железо е начин за справување со дефицитот на железо, кој влијае на количеството кислород во клетките, како и продукцијата на некои хормони.

Прекумерната акумулација на железо во форма на додатоци во телото сепак крие многу ризици. Таа може да предизвика оштетување на црниот дроб, срцето и панкреасот. Долготрајната акумулација на овој метал во органите може да предизвика воспаление, што може да доведе до трајно оштетување на функционалните клетки.

Затоа земањето на железо треба да е многу добро избалансирано и дискутирано со лекар. Освен тоа железото може успешно да се надополнува и од прехранбени производи, претежно зеленолистниот зеленчук, брокула, цвекло, црн дроб, мешунките.

Витамин Е

Знаеме дека витаминот Е е корисен за срцето, кожата, очите, ефикасен е во превенција на Алцхајмеровата болест и некои видови рак.

Според новите истражувања сепак витаминот Е може дури да го забрза развојот на одредени видови на рак, особено ако е примен во поголеми количини. Високите дози на витамин Е дури можат да го зголемат ризикот од рана смртност.
Витамините не се безопасни. Огромно значење има количината што се прифаќа.

Јод

Јодот се поврзува најчесто со работата на тироидната жлезда, бидејќи учествува во синтезата на некои од хормоните, произведени од неа. Билансот е многу кревок, бидејќи премногу малите количини јод или пак премногу големите можат да предизвикаат потиснување на работата на жлездата или т.н. хипотироидизам.

Акумулацијата на големи количини на јод исто така може да се покаже како канцерогена и да доведе до развој на некои видови рак.