Зошто токму јајцето е симбол на Велигден? Ова треба да го знаат сите христијани

1532

Вапсувањето јајца за Велигден има своја симболика која не смее да ја заборавиме.

Целосната приказна се заснова и на самиот концепт на празникот – новиот живот. Исус Христос воскресна и се врати од мртвите и со тоа започна неговиот вечен живот.

Јајцата во многу култури и традиции се симбол на живот, раѓање и плодност. Оваа симболика целосно се вклопила во обичаите за овој празник. Според други, пак, јајцето е симбол на гробот во кој било закопано телото на Исус, а со неговото кршење точно на полноќ се симболизира отворањето на гробот и излегувањето на Исус од него.

Дури и боите имаат свои значења. Црвената која е најчеста, ја означува крвта на Исус, сината е боја на вистината, зелената на плодноста, жолтата на светлината која доаѓа со неговото воскресение…

  • Црвена – пожртвуваност, пасија, Исусова крв
  • Виолетова – симбол на страданието на Исус
  • Розова – љубовта кон Исус
  • Зелена – надеж и вечен живот
  • Жолта – ослободување и светлина

Традиционално декорациите се само од јајца од кокошка, а модернизираните верзии вклучуваат и украси од пластика, чоколадни јајца, пилиња и зајачиња, гнезда…

Но, оние што држат до традицијата сметаат дека само вапсаните јајца се доволни за да се одбележи овој голем христијански празник. Многу домаќинства ги вапсуваат јајцата исклучиво во црвена боја.