Со оглед на неговата големина, која се проценува дека не е поголема од еден метар, станува збор за безопасен астероид кој не би требало да предизвика голема штета, но затоа би можел да приреди спектакуларно шоу на небото.
Ноќното небо над Сибир денеска ќе биде сцена на спектакуларно шоу.
Новооткриениот астероид C0WEPC5, кој е откриен дури утрово во опсерваторијата Kitt-PeakBok, треба да влезе во атмосферата на Земјата над Сибироколу 17 часот по македонско време.
Со оглед на неговата големина, која се проценува дека не е поголема од еден метар, станува збор за безопасен астероид кој не би требало да предизвика голема штета, но затоа би можел да приреди спектакуларно шоу на небото.
Имено, со оглед на неговата траекторија, астероидот на ноќното небо треба да изгори во атмосферата, односно да се претвори во светла запалена топка и да падне недалеку од местото каде што паднал метеорот Тумгушка.
За среќа, во тој дел има веб камера која снима во вистинската насока, па сите заинтересирани можат да го следат овој спектакуларен настан во живо.
Инаку, ова е четвртиот астероид годинава кој е откриен пред да удри во Земјата, што е своевиден рекорд.
Извор: IMO