Добила труење на крвта поради заборавен тампон

83

Синдромот на токсичен шок е можна нус-појава при користење тампон, па поради тоа тие треба да се менуваат на секои четири часа, а токму тоа ѝ се случило на оваа 20-годишна Британка која добила сепса.

Студентката по криминалистика, Емили Пенкхрст, која чувството на подуеност му го припишувала на стресот и ужината, за нејзината лоша физичка состојба бил, всушност, одговорен тампон кој заборавила да го отстрани. Тоа страно тело предизвикало формирање на синдром на токсичен шок – нус-појава при користење на тампон, поради која се советува тие да се менуваат на секои четири часа.

Таа ги игнорирала симптомите додека подготвувала испити на факултет, а еден ден сфатила дека сосема заборавила на тампонот кој го ставила уште за време на менструацијата, што се случило девет дена претходно. Тампонот бил целосно црн и дури тогаш убаво се погледнала – забележала осип на кожата и тенот ѝ бил со чудна боја.

Емили ѝ се јавила на нејзината мајка која забележала дека нејзината ќерка зборува неразбирливо и застојува во говорот. Неколку часа подоцна паднала во несвест, а нејзината мајка веднаш повикала брза помош.

Во болницата лекарите утврдиле дека Емили добила сепса, односно труење на крвта предизвикано од тампонот. И` дале антибиотици кои успеале да ѝ го спасат животот, иако била во критична состојба.

Таа не закрепнала целосно, сè уште ѝ е намалена подвижноста и не може да оди повеќе од неколку минути.

– Откако конечно сфатив дека не го извадив тампонот, го извлеков и со страв забележав дека е целиот сосема црн. Се згрозив. Воопшто немаше да го препознаам ако го немаше конецот на него – раскажала Емили.

Таа подоцна сфатила што, всушност, се случило – учејќи за испитите за време на менструацијата била под голем стрес и притисок. Го сменила тампонот мислејќи дека го извадила претходниот, но не било така. Па така, во еден момент имала два тампони, од кои последниот го турнал првиот повнатре. Таа го извадила вториот тампон, не сфаќајќи дека во неа има уште еден.

Откако го сфатила тоа, мислела дека ќе ѝ биде подобро штом ќе го отстрани тампонот.

Emily Pankhurst била на час до смртта откако претрпела синдром на токсичен шок

Синдром на токсичен шок

Тоа е многу редок, но исклучително опасен синдром поврзан со користење на тампони, особено кај жените помлади од 30 години. Неговите симптоми се подуеност, повраќање, треска, дезориентација, осип на кожата, несвестица…

До него доаѓа бидејќи високо апсорбирачките тампони се идеално место за размножување на бактерии кои преку вагината доаѓаат во крвотокот.

Смртноста поради токсичен шок е три отсто, а докторите велат дека најдобро би било целосно да се избегнува користењето на тампони – бидејќи тие се страно тело кое се вметнува во вагината и во неа го задржува она што би требало да излезе надвор.

Ако сепак го користите тампонот, потрудете се тоа да биде што поретко и менувајте го на секои четири часа.