Писмото не е потпишано, и не се знае точно каде работи шинтерот, но кога ќе ги прочитате овие редови, ќе сфатите дека тоа не е важно. Неговите зборови носат силна порака и ги доловува сите страдања на кучињата напуштени од сопствениците.
„Мислам дека на нашето општество му треба повик за будење.
Како раководител на еден стационар ќе споделам со вас… еден поглед во внатрешноста, ако ми дозволите.
Како прво да се обратам на трговците со кучиња кои ги нудат во кутии по булевари: треба барем еден ден да работите во стационар. Можеби откако ќе погледнете во жалните, изгубени погледи на тажните кучиња ќе го промените вашето мислење и нема да ги продавате на луѓе кои воопшто не ги познавате.
Токму тие кучиња може да завршат овде кај мене во стационарот, тогаш кога повеќе не се слатки мали кутриња.
Како би се чувствувале кога би знаеле дека постои 90% шанса токму тоа куче никогаш да не го напушти „боксот“ кога веќе еднаш ќе стигне тука? 50% од кучињата кои пристигнуваат овде или лутаат изгубени по улиците или се чистокрвни кучиња.
Ова се најчестите изговори кои ги слушам:
Се преселивме и не можеме да го земеме кучето со нас. Сериозно? Каде се селите и зошто не барате стан или куќа во која ќе можете и кучето да го донесете со вас да живее?“
Продолжува на страна 2