Реченици кои ја убиваaт самодовербата кај децата

1529

Родителството е едно од најголемите задоволства кои можете даги почувствувате во вашиот живот, но истовремено тоа претставува и една од најголемите одговорности.

Тргнувајќи од фактот дека никој не се родил учен, а целиот наш живот претставува едно непрестајно учење не е лошо да одвреме – навреме да се укаже на грешките кои ги прават младите родители при воспитувањето на децата.

Детството е периодот во кој човечкиот мозок се формира врз основа на социјалната интеракција, а начинот на кој другите луѓе, пред сè родителите, се однесуваат кон децата, тие го сфаќаат како слика за себеси.

Психолозите предупредуваат дека родителите на деца на возраст од околу две години не би требало да ги кажуваат следните реченици – Срам да ти е; Момчињата не плачат; Не биди бебе; Никогаш нема да биде ништо од тебе.

Причината е во тоа што реченици од овој вид им ја уништуваат самодовербата на децата, и кога децата се срамат тие се чувствуваат отфрлени и повлечени во себе. Ова може да ги поттикне агресија, да им ја ограничи спонтаност, да им ја уништи самодовербата и способност да учат!

Психолозите истакнуваат дека овие реченици предизвикуваат краткорочен ефект кај децата, бидејќи тие сакаат да ги задоволат родителите, но долгорочните ефекти од тоа се катастрофални.

Поентата е во тоа што детето учи да ги задоволи неговите родители за да не биде казнето, а не затоа што ги сфатило проблемите во однесувањето.