Одговор на сопственик на еден ресторан откако добил поплаки за аутистичниот келнер | Фото/Видео

204

Сопственикот на еден ресторан бил потресен откако неколку клиенти изјавиле дека не сакаат да бидат служени од неговиот келнер кој е аутистичен.

 Mike Jennings е сопственик на местото „Grenache“ во Манчестер кој неодамна го вработил Енди Фостер, 45-годишен човек со аутизам кој покрај другото се грижи и за својата мајка со Алцхајмер.

„Клиентите се чинеше дека имаат проблем со фактот што ги служи иако добро си ја вршеше работата. Им објаснив дека има аутизам, а нивниот одговор беше дека не сакаат да ги служи. Дури и ме прашаа зошто сум го вработил во ваков ресторан. Не можев да поверувам“ – објаснува, Mike Jennings.

Andy Foster (45, лево), започнал да работи во Гренаш како би можел да ја издржува својата мајка која страда од Алцхајмерова болест. Голема поддршка добил од сопствениците Mike Jennings (десно) и неговиот партнер Karen Deveney (во средина).

Потресен од случката на Фејсбук објавил:

„Денес денот го поминавме во враќање на самодовербата на еден член од нашиот тим, откако не беше почитуван и беше социјално дискриминиран од луѓето на една маса кои беа на вечера во нашиот ресторан.

„Нешто не е во ред со него?“ и „Зошто би го вработиле?“ беа прашањата кои ги добив од нив.

Тука во „Grenache“ вработуваме луѓе врз основа на нивното искуство, знаење и пасија за работата, НЕ за бојата на нивната кожа или како изгледаат, колку тетоважи имаат, бројот на нивната облека, религиозните верувања или болестите. Не дискриминираме!

Ако вие дискриминирате… Тогаш ве молиме не резервирајте маса во „Grenache“. Не го заслужувате нашето време, ниту почит!“

Andy Foster (45) бил пријатно изненаден од неговиот шеф и објаснува дека ова не му бил првпат да биде дискриминиран и обично не го зема тоа при срце, но тоа не значи дека не може да биде повреден.