Основни правила градите да ви се цврсти и здрави

537

Убавите и стегнати гради се сон за сите мажи и жени, без оглед на возраста, големината, обликот.

Но, како за инает најтешко е да ја одржите таа цврстина заради различни фактори.

Затоа жени и девојки, внимателно читајте. Овие 5 основни правила ќе ви го зачуваат деколтето здраво и младолико:

Туширајте се со поладна вода

Студениот туш не секогаш е пријатен, но е здрав за кожата. Барем кога е топло, откажете се од топлата вода. Ако сепак не можете да поднесете студена вода, користете коцки мраз за масажа на градите.

Внимавајте на држењето

Кога сте подгрбавени, не само што градите ви изгледаат помалку атрактивно, туку и мускулите се опуштаат. Обидете се рамената секогаш да ви бидат исправени.

Избегнувајте било каков притисок

Ова посебно важи за тесната долна облека која ве сте. Градникот треба да ви биде потпора, а не измачување. Ако почувствувате неудобност, веднаш заменете го градникот.

Вежбајте правилно

Сите спортови кои вклучуваат движење и трчање, може да бидат кобни за градите доколку не се соодветно стегнати. Задолжително вежбајте и спортувајте во соодветни стегнати градници.

Избегнувајте директно сончање

Сонцето ја црпи еластичноста на кожата, па топлес сончањето не се препорачува доколку сакате да ги зачувате градите млади и здрави. Изгорениците на ова нежно место може да создадат само дополнителни компликации.