Навики во исхраната кои треба да ги стекнете до 35-та година

106

На 20 години секако дека можете да уживате во масивни, мрсни хамбургери надополнети со пржени компирчиња и слатки коктели, газирани пијалаци…

Општо кажано, секаква нездрава храна. Таа не е проблем за младиот организам со брз метаболизам.

Ама, како доаѓаат годините, така ќе сфатите дека работите многу брзо се менуваат и доаѓате во еден момент од животот кога едноставно не можете да се препознаете себеси кога ќе се погледнете во огледало и време е да почнете да мислите на тоа што јадете.

Метаболизмот може за само еден ден да се промени од екстра брз во многу бавен кога ќе наполните 35 години.

Па, за да не се чудите како успеавте нагло да се здебелите, потребно е да почнете да си градите здрави навики уште денес…

Кажете збогум на конзервираната храна

Без разлика на тоа колку сте во искушение, конзервираната храна најдобро е да ја избегнувате. Таа освен тоа што не е многу корисна, содржи многу калории и конзерванси кои го зголемуваат апетитот и по правило, е многу солена, па предизвикува задржување на водата во организмот. Истата, најдобро е да ја замените со замрзната или свежа храна.

Гответе сами

Не давајте некој непознат готвач да ја подготвува вашата храна, вие сами бидете одговорни за работите кои ги внесувате во вашиот организам. И секако, гледајте да бидат што е можно покорисни и богати со најважните нутритивни елементи.

Продолжува на страна 2