Времето на евтини пари помина, позајмувањето ќе стане скапо

938

Иако постојат и други инструменти на монетарната политика кои централните банки можат да ги користат за да одговорат на кризата, како што се задолжителните резерви, најефективната алатка е зголемувањето на каматната стапка, изјави за Танјуг Михаило Ѓукиќ, научен соработник на белградската банкарска академија.

Тој рече дека зголемувањето на референтните каматни стапки е логичен и очекуван одговор на банката и дека е само прашање до каде ќе оди зголемувањето. Тој рече и дека зголемувањето на каматните стапки ќе донесе одредени трошоци и проблеми, пред сè во контекст на забавувањето на економската активност.

На прашањето дали постои можност дополнителното заострување на монетарната политика во однос на моменталната ситуација со конфликтот во Украина да доведе до дополнително забавување на економската активност, аналитичарот вели дека постои најголема согласност меѓу економските аналитичари.

„Факт е дека повеќето аналитичари се согласуваат дека ќе има забавување на економската активност. Веќе гледаме како ФЕД успева да ја заузда инфлацијата, дека има пораст на невработеноста, па некои проценки се дека догодина би можело да има одредено постепено зголемување на невработеноста. Но, не можеме ништо да знаеме додека не видиме што ќе се случи во геополитички контекст“, вели аналитичарот.

Тој оцени дека она што дефинитивно постои како ризик е повторување на сценариото од 70-тите години на 20 век.

„Тоа е сценарио кога не сме можеле да ја зауздаме инфлацијата, а економската активност е многу забавена и тонеме во рецесија, од тоа најмногу треба да се плашиме и тоа е прилично реално сценарио, вели анаитичарот.