Научниците тврдат | Пцуењето е добро за менталното здравје

1809

Пцуењето е издувен вентил и одбранбен механизам за ослободување на вишок емоции, а се ослободува и креативноста. Сепак, губи ефект ако некој постојано пцуе.

Пцуењето е безопасен емоционален одговор на луѓето во стрес и напната ситуација, а помага да се чувствуваме посилни и повеќе стабилни, велат научниците од Универзитетот Keel во Британија. Тие го анализирале влијанието на вулгарностите на мозокот и откриле дека во умерена мерка има добар ефект врз менталното здравје, пишува Daily Mail.

Во студијата, волонтерите играле компјутерски игрици, а бидејќи барањата станале се потешки, тие почесто псуеле. Тоа е еден вид на одбранбен механизам на телото од тензиите кој ни помага да се чувствуваме по отпорни, заклучија истражувачите кои тврдат дека пцуењето не е само непристојно тропање.

– Во возбудена состојба луѓето се емотивни, а тогаш ги користиме пцостите. Што повеќе сме вознемирени, пцостите се полоши и полоши и се користат повеќе табу зборови. Ова е нешто што сме поучувани од детството – рече водачот на студијата д-р Ричард Стивенс, кој одлучи да се справи со темата на псуењето откако присуствувал на раѓањето на неговата втора ќерка, додека неговата сопруга интензивно псуела сѐ по ред, мајка- шајка, маж …

Во вториот експеримент, истражувачите ги поделиле испитаниците во две групи и им дале да држат чаши полни со мраз. На една група ѝ беше дозволено да псуе, а на другата не, но и двете групи требале да бидат тивки. Во групата во која се туриле од псуење, волонтерите многу подолго издржале во држењето вода.

Чест е стереотипот да псујат само оние необразовани и помалку интелигентни, но факт е дека не постои правило. Сепак, што повеќе и почесто се псуе, тоа е ефект на ослободување на негативни емоции.