Свежа летна салата со аспарагус

2897

Сите сакаме салати, а причините се многубројни – припаѓаат во семејството здрава храна, немаат многу калории и заситуваат.

Доколку ви здосадија стандардните мешани салати, време е да пробате нешто поинакво – свежа пролетна салата со аспарагус, домати и балсамико.

Еве и неколку дополнителни причини зошто треба да го вклучите овој зеленчук во исхраната: ниска калорична вредност (само 20 калории во 100 гр. свеж производ), голема количина на растителни влакна кои го помагаат варењето на храната, одличен извор на антиоксиданти, богат со витамините од Б-комплекс групата, како и витамин Ц, витамин А и витамин Е.

Не ви е потребно повеќе убедување, нели?

Потребно

  • 900g свеж аспарагус
  • 300g шери домати
  • 2/3 шолја потпечени ореви
  • 115g фета сирење

За преливот

  • 6 лажици оцет балсамико
  • ¼ шолја маслиново масло
  • 2 лажички сенф
  • 2 лажички мед
  • 1 сечкано лукче
  • Сол и бибер по вкус

Подготовка

  • Аспарагусот се вари во зовриена вода 4-5 минути. Слично како и брокулата, внимавајте да не го преварите, односно да остане крцкав. Прецедете и префрлете го во сад со ладна вода и малку мраз, за да се задржат добрите состојки и свежината.
  • Подгответе го преливот на тој начин што ќе го ставите балсамико оцетот во мало тавче да зоврие. После 3 минути, откако ќе се згусне и ќе се намали на половина количина од почетната, тргнете го и почекајте добро да се излади. Измешајте ги сите состојки за преливот – маслото, сенфот, медот и лукчето.
  • Истурете го преливот врз аспарагусот, шери доматите и оревите. Додадете сол и бибер по вкус. Добро измешајте. На крајот, додадете го здробеното фета сирење.