Најразмазените знаци во хороскопот

861

Врската со размазена личност не е лесна. Дури и ако се забавувате со години и партнерот ве позната, тешко е да чекорите во животот со личност која постојано оди по своие, ве контролира, менува расположение и сл.

Без разлика дали овде се пронајдовте себе или својот партнер, обидете се заедно да ги корегирате своите маани за да не ви наштетат.

Рак

Станува збор за емотивен знак кој бурно реагира доколку почувствува дека не го добива потребното внимание. Може да трпи се додека не се умри, а потоа почнува да го турка партнерот, што може да ве збуни или направи несигурен. Ракот е толку чувствителен што е тешко да се каже што ги поттикнало така да се чувствуваат и што им е потребно да се смират.

Скорпија

Скорпијата е повредена кога некој не ја третира како што сака. Можеби ќе стане огорчена, но не сака да објасни зошто. Исто така, може да ги исфрли своите фрустрации врз партнерот. Доколку партнерот нашправи нешто што неа не и одговара, овој знак е подготвен да раскине пред да ги слушне причините. Од партнерот ќе бараат работи кои тој не е во можност да ги исполни.

Овен

Станува збор за импулсивен хороскопски знак кој во афект знае да ги каже најгрдите работи кон партнерот. Потоа ќе чувствува грижа на совест, но тогаш е прекасно. Овенот знае да биде тврдоглав, а кога не е по негово, лесно се лути. Чувствителни се кон своите чувства, па така забораваат на оние на партнерот.

Близнаци

Ним можете лесно да им здосадите. Стануваат нестрпливи и исфрустрирани кога ќе сфатат дека на партнерот му треба повеќе време да одговори на она што го бараат од него. Доколку имаат проблем во врската, Близнаците лесно ја обвинуваат другата страна без да се потрудат. Исто така, ќе се жали и ќе се однесува како дете кон партнерот со цел да го манипулира.

Бик

Кога Бикот е фрустриран тогаш може да направи сцена во јавност, а потоа да замине без да се потруди да најде решение. Кога шартнерот ќе го обвини Бикот дека е нечувствителен и дека делува бизарно, ведаш ќе го обвинат партнерот. Постојат случаеви кога нивниот партнер се обидува да покаже чувства, а Бикот ги одбива. Тие веруваат дека се секогаш во право, а доколку нивниот партнер не мисли така, тогаш оигледно греши.