Треба ли да носите градник додека спиете?

128

Едно прашање ги мачи жените – дали да спијат со градник или без?

Размислувањата околу ова прашање се различни. На некои жени им е поудобно да носат градник додека спијат, но други се уверени дека на овој начин го зголемуваат ризикот за развој на рак на дојка.

Но, не постојат научни објаснувања кои го поддржуваат тоа тврдење, ниту пак кои ќе потврдат дека градите нема да се опуштат ако го носите.

Од ова, може да се заклучи дека доколку жената се чувствува удобно спиејќи со градник, тогаш може да спие со него, исто како што ако и пречи, слободно може да го соблече.