Ако чувате исушено цвеќе, расипани апарати, стари лекови или слики на поранешна љубов – Во опасност сте!

495

Фенг шуи, кинеската уметност на просторното планирање и живеење во хармонија со него, наложува дека не е сѐ во позиционирањето на предметите, бидејќи секој од нив носи своја енергија.

Постојат предмети во домот чија енергија ни малку не е позитивна.

Исушено цвеќе

Исушеното цвеќе создава лош фенг шуи, бидејќи остава неподвижна енергија. Кога некаде гордо изложите исушено цвеќе тешко може да живее во моментот. Можеби ќе копнеете по детството или поранешната љубов. Можеби ќе се чувствувате како да ве издава силата. Затоа најдобро ќе биде да се ослободите од букетот кој го чувате уште од матурска и инвестирајте во свеж букет.

Нефункционални апарати

Експертите за фенг шуи веруваат дека електронските уреди претставуваат сила и моќ. Скршени, нефункционални апарати или електроника, со време во вашиот живот ќе се манифестира во форма на здравствени проблеми, неуспешни врски или непријатни ситуации на работа. Или поправете ја таа техника или фрлете ја.

Свенати растенија

Растенијата во фенг шуи симболизира раст, но само ако тие растат. Ако вашите собни растенија умраат, ќе создадат проблеми. Можеби ќе ви биде тешко да станете во утринските часови, а на работа може да се чувствувате уморни и непродуктивни. Покрај тоа, можно е да бидете премногу уморни и за секс. Ако растенијата страдаат поради вашата небрежност, фрлете ги и обезбедете си здрави растенија за кои повеќе ќе се грижите.

Продолжува на страна 2