Десет знаци дека имате вистинска пријателка

474

Вистинско пријателство, како и вистинска љубов, тешко е да се најде

Но, ако ги препознавате следните десет знаци во вашиот однос со пријателката можете да бидете сигурни дека таа е таа вистинската.

Поради тоа чувајте ја таа врска и негувајте ја, бидејќи искрените пријателки ви го разубавуваат животот на посебен начин.

– Сакате исти серии. Дружејќи се со години, сте развиле сличен, ако не и ист вкус. Дури ако некогаш почнете да разговарате за Кери Бредшоу и Саманта Џонс од „Сексот и градот“, како да се дел од вашето друштво. Некогаш може да се случи да се договарате за излегување на кое секоја ќе глуми една од тие две.

– Во исто време кажувате иста работа. Луѓето кои поминуваат долго време заедно, попримаат сличен начин на говор и често користат исти изрази, а некогаш ви се чини дека една на друга си ги читате мислите бидејќи кажувате иста работа во исто време.

– Луѓето прашуваат дали сте роднини. Да вистина, луѓето кои често се заедно и наликуваат едни на други, но и ако воопшто личите една на друга луѓето претпоставуваат дека сте сестри, бидејќи веднаш им е јасно дека сте многу блиски.

– Им се заканува на момчињата со кои излегувате. Вистинската пријателка ја презема улогата на вашите родители и се грижи да не ве повреди вашето момче со кое излегувате, па низ шега но мислејќи сериозно вели: Ако ја повредиш, ќе имаш работ асо мене.

Продолжува на страна 2