Навивачите се враќаат на стадионите, но алкохолот е забранет

1230

На состанокот на претставниците на сите 16 германски покраини бил договорен шестнеделен пробен период за време на кој на гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите.

Навивачите до 20% од капацитетот на стадионот ќе имаат дозвола да ги гледаат натпреварите од Бундес лигата.

Ќе се применуваат строги епидемиолошки мерки на стадионите, а алкохолот ќе биде забранет, пренесува Хина.

Пристигнувањето на навивачите на гости нема да биде дозволено и секој билет ќе биде персонализиран така што ќе може да се следат движењата на сите лица кои доаѓаат на стадионот.

На сила ќе бидат и мерки на физичко растојание, а гледачите дефинитивно ќе мора да носат маски.

Новата сезона во Бундеслигата започнува во Минхен помеѓу бранителот на титулата Баерн и тимот на Шалке.