Многу од пронајдоците во светот биле создадени како резултат на студиозни експерименти, но до многу од нив, верувале или не, се дошло доста случајно.
Ова се некои од најинтересните кои го промениле светот во кој живееме.
Анестезија
Во 1776 година, американскиот стоматолог Хорас Велс открил азотен оксид, популарно познат како “рајски гас” или “гас за смеење”. Неговото откритие наскоро станало многу популарно и почнало да се користи на социјалните собири и во забавните паркови како нешто што ќе ги насмее и ќе ги забавува луѓето.
Тој на еден од таквите настани забележал дека актерот кој бил под влијание на гасот во текот на претставата незгодно паднал, но по падот продолжил да глуми како ништо да не се случило. Така открил дека луѓето под дејство на азотен оксид не чувствуваат болка. Од 1844. година почнал да го користи за анестезија при поправка на забите.
Продолжува на страна 2