Гума за бришење
Англичанецот Џозеф Престли во 1770. година по грешка, наместо со лебни трошки со кои луѓето претходно го бришеле мастилото, се обидел да избрише направена грешка го гумена смола од дрво и открил дека тoj материја, всушност, многу подобро од лебните трошки го брише мастилото. Наскоро тој се збогатил со продажба на својот пронајдок – гума за бришење.
Сладолед на стапче

Во 1905. година, единаесетгодишниот Френк Еперсон измешал со дрвено стапче сок направен од прав и вода и по грешка го оставил на тераса. Ноќта била многу ладна, а наутро, го дочекал замрзнатиот сок со стапчето. Воодушевен од резултатот, своето откритие го патентирал во 1924. година под името Epsicle (ледено степче). Неколку години подоцна, децата го убедиле да го смени името на пронајдокот во Popsicle (сладолед на стапче).
Вијагра
Едно од најпознатите случајни откритија е вијаграта. Хемичарите кои го направиле барале лек за висок крвен притисок и срцева слабост. За време на тестирањата, тие не виделе никакви резултати во врска со тоа, но откриле дека оваа сина пилула успешно делува на интимните делови на телото кај мажите.
Продолжува на страна 3


















