Руски патријарх дал рецепт против СИДА

1342

Едно од важечките средства за борба со оваа болест треба да стане моралното просветлување на младите и целото општество.

Рускиот патријарх Кирил се сврте кон свештенството и верниците со повик да не ги осудуваат луѓето болни од СИДА и да не ги игнорираат. Тој рече дека во руското општество кон нив треба да има “сострадателн и добротворен однос”, пренесе РИА Новости.

“Очигледно е дека едно од важечките средства за борба со овој хендикеп треба да стане моралното просветлување на младите и целото општество, афирмацијата меѓу луѓето на семејните вредности, идеалите на целомудрието и брачната верност. Руската православна црква го увезува својот удел во оваа борба, спроведувајќи воспитна работа со адолесцентите и нивната генерација, да им се покаже духовната и молитвената поддршка, социјална и психолошка помош на болните од СИДА“, пишува во своето обраќање на рускиот патријарх, објавено денеска.

Патријархот Кирил ги повика свештенството и верниците “никогаш да не ги игнорираат оние кои се погодени од вирусот и да не ги осудуваат, независно од тоа како човекот ја добил болеста”. Тој ја истакна потребата “да се обединат напорите во борбата против овој хендикеп и да се запре ширењето на болеста”.