По десет години, Јапонија жали за жртвите од земјотресот и катастрофата во Фукушима

1339
Гајгеровиот бројач покажува ниво на зрачење од 231 микросиверт на час во близина на оштетената зграда број 3 на реакторот кај нуклеарната централа Фукушима Даичи, погодена во цунамито, во градот Окума, префектура Фукушима.

ИВАКИ, Јапонија (Ројтерс) – Со момент на молк, молитви и антинуклеарни протести, Јапонија вчера жалеше за околу 20.000 жртви на големиот земјотрес и цунамито што ги погоди пред 10 години, уништувајќи градови и предизвикувајќи нуклеарен пад во Фукушима.

Големите бранови, поттикнати од земјотресот со јачина од 9,0 степени според Рихтеровата скала – еден од најсилните досега – се урнаа на североисточниот брег, уништувајчи ја централата Fukushima Dai-ichi и принудувајќи повеќе од 160 000 жители да бегаат од зрачењето кое се ширело во воздухот.

Најголемата нуклеарна катастрофа на светот (од Чернобил) и земјотресот ги остави преживеаните да се борат да ја надминат тагата за губење на семејствата и градовите пред брановите во неколкуте застрашувачки часа на 11 март 2011 година попладне.

Кафетеријата погодена од земјотресот и цунамито во 2011 година .

На околу 50 километри јужно од централата, крајбрежен град Иваки стана центар за работници кои работат на деактивирање на нуклеарката, сопственикот на ресторанот Атсуши Ниизума се молеше за неговата мајка убиена од брановите.

“Сакам да ѝ кажам на мајка ми дека моите деца, кои беа многу блиски со неа, се добри и дека доброо се снаоѓаат. Дојдов тука за да ѝ се заблагодарам што нашето семејство живее безбедно”, изјави 47-годишниот Ниизума.

Пред да тргне на работа, тој оддаде почит пред камен споменикот во храмот на брегот со изрезбарено име на неговата мајка Митсуко и уште 65 други кои загинаа во катастрофата.

Жителите на Хисанохама го менуваат Гохеи на ториите од вратата пред спомен-обележјето за жртвите од земјотресот и цунамито во храмот Акиба во 2011 година, пред 10-годишнината од катастрофата во Фукушима.

На денот на земјотресот, Митсуко ги чувала своите деца. Децата се спасиле во последен миг, но Митсуко ја однеле брановите додека се враќала во куќата за да ги земе своите работи.

Светилиштето Акиба стана симбол на издржливост за преживеаните, бидејќи едвај е оштетен од цунамито додека куќите во близина биле однесени или изгорени.

Жолти марамчиња со пораки за поддршка на луѓето во областите погодени од земјотресот и цунамито во 2011 година во пресрет на 10-годишнината од катастрофата во Фукушима.

Околу дваесетина жители се собраа со Ниизума за да го украсат со хартијани жерави, цвеќиња и жолти марамчиња со пораки за надеж испратени од студенти од целата земја.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.