Супероткритија – Случајни пронајдоци кои го промениле светот | Фото

3216

Нутела

По Втората светска војна, било многу тешко и скапо да се добие зрно од какао, па слаткарот Пјетро Фереро измислил чоколаден крем во кој 50 проценти зрна од какао ги заменил со лешници. Десертот, кој го нарекол џандуја, станал огромен хит, а Фереро наскоро почнал да го продава на други слаткари. Еден топол ден, чоколадата се стопила на сонцето во фин густ крем и го нарекол суперкрем. Денес тој се нарекува “nutella”.

Самолеплива лента (чичак)

Французинот Жорж де Местрал ја измислил самолепливата лента, а идејата ја добил шетајќи го кучето. Тој забележал дека на панталоните му се “лепи” цветот на чичак, кој тешко се отстранувал од нив. Тој погледнал подетално и забележал дека цветовите имаат мали “куки” со кои тој се фаќа за материјалот. Во 1951. година го усовршил и ја патентирал самолепливата лента каква што ја користиме денес.

Кока-кола

Џон Стит Пембертон, фармацевт од Атланта кој развил сериозна зависност од морфиум, одлучил да смисли лек кој ќе му помогне да се реши од таа ужасна навика. Тој пронашол сируп од екстрактот кола-орев, кофеин, листови од кока, растителни екстракти и шеќери. Сирупот се продавал како лек додека еден ден келнерот не го разредил во минерална вода. Неговиот изум наскоро станал многу популарен, а „кока-кола“ на 6 јули 1887 година станала официјален бренд.

Продолжува на страна 4