Еве како да откриете дали месото е свежо и квалитетно

71

Ако не сте сигурни дали месото што сте го купиле е свежо, еве неколку проверени совети со кои ќе избегнете евентуални грешки при бирање месо.

„Иако многу луѓе мислат дека маснотијата не е здрава, таа на месото му дава арома. Квалитетното месо би требало да има бели ленти“, објаснува Елизабет Розик од Земјоделскиот центар во Германија.

Таа додава дека кога купувате спакувано месо треба да внимавате во него да нема вода. „Ако месото стои во крвава вода, тоа значи дека е старо“, нагласува Розик.

Во зависност од видот на месото, секое има идеална боја. Телешкото треба да биде светло, но не бело, а истото важи и за месото на живината. Говедското треба да биде црвено, но не премногу темно. Доброто свинско е бледорозево. Сивкастите нијанси треба да ги избегнувате.

Розик открила и наједноставен начин за да проверите дали спакуваното месо е уште свежо. Кога ќе го притиснете со прст, мора брзо да се врати во првобитната состојба и во него не треба да остане никакво вдлабнување.