Од срцев удар почина Диего Марадона | Видео

78

Аргентинските и светските медиуми објавија дека денеска во својот дом почина еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона.

Си-Ен-Ен Бразил и „Кларин“ од Аргентина јавија дека денеска 60-годишниот Марадона почина од срцев удар.

Легендарниот аргентински фудбалер во последните неколку месеци имал големи проблеми со здравјето, а неодамна му била извршена операција по која успешно се опоравил. Болницата ја напуштил пред две недели и се опоравувал во својот дом.

Диего Марадона е избран за еден од двајцата најдобри фудбалери во минатиот век заедно со Пеле, а во фудбалот освоил се што можел да се освои како играч.

Марадона се смета и за еден од најголемите спортисти на 20. век, а во богата кариера настапувал за Аргентинос јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севиља и Њуелс Олд Бојс. За репрезентацијата на Аргентина со која е светски шампион од 1986 година, одиграл 91. натревар и постигнал 31 гол.