Изгледа дека недоумицата зошто жените и покрај животните оптоварувања низ кои поминуваат, живеат подолго, конечно е разрешена благодарение на јапонски истражувачи.
Претпоставувајќи дека одговорите се во генетиката, тие во лабораториски услови се обиделе тоа и да го докажат. Успеале да издвојат посебен ген кај двата пола, но активен само кај мажите.
Станува збор за генот Rasgrf1, кој е одговорен за посилната телесна градба кај мажите и им овозможува да бидат доминантен пол.
„Но тоа поголемо и посилно тело постои за сметка на животниот век. Генот од таткото го наследуваат двата пола, а со оглед на тоа дека се активира само кај мажите, на нив и делува автодеструктивно. Ги изложува на суштински поголем стрес во однос на припадничките на понежниот пол, па епилогот е подолг живот на жените, а пократок на мажите“, тврдат јапонските научници.