Супероткритија – Случајни пронајдоци кои го промениле светот | Фото

3216

Пеницилин

Во август 1928. година, по годишниот одмор, британскиот биолог Александар Флеминг, се вратил во својата лабораторија и во своите Петриеви чинии видел мувла. Анализата го открила виновникот. Тоа беше мала габа Penicilium notatum, на која работел неговиот колега. За време на чистењето на лабораторијата, открил дека областа околу габите не содржи бактерии. Тој претпоставувал дека печурката ја излачува антибактериската супстанца и ја нарекол пеницилин.

Чипс

На крајот од смената во ресторанот во Њујорк во 1958. година, гостинот ги вратил компирчињата жалејќи се дека се премногу дебело пресечени. Лутиот готвач одлучил да ја “исправи” грешката печејќи ги компирите на многу тенки парчиња, ги фрлил на врело масло и по пржењето ги посолил. И така настанал чипсот!