НОВА АФЕРА | Џејмс Хјуит ѝ бил љубовник на Леди Ди, а тој пак плукнат Хари

3411

Кралското семејство со години го привлекува вниманието на јавноста и интересот за него само се зголемува од година во година.

Ако се земе во предвид смртта на принцезата Дајана, не е ни чудо што деновиве се анализира сè што е поврзано со неа и нејзините потомци. Овој пат, британските медиуми пишуваат за Џејмс Хјуит, поранешниот љубовник на Лејди Ди.

Џејмс Хјуит, професионален џокеј и поручник, бол љубовник на принцезата Дајана, што и таа самата го признала во своето интервју 1995 година. Тој бил убав, строен војник кој очигледно го освоил срцето на принцезата Дајана, па дури и им читал бајки на нејзините синови пред спиење.

Денес, Џејмс има 62 години и неодамна бил виден како пазарува во британскиот Екстер. Денес, Џејмс живее затскриен живот, далеку од медиумската помпа и скандалот со кралското семејство. Тој работи како градинар со годишна плата од четири илјади фунти, а живее со неговата мајка Ширли, која има 92 години.

Џејмс и Дијана биле во врска дури пет години, за време на нејзиниот брак со принцот Чарлс, а некое време имало гласини дека тој е татко на принцот Хари – поради црвената коса и пегите. Името на Џејмс Хјуит стана познато на пошироката јавност во 1991 година, кога поранешната свршеница на Џејмс открила дека таа ја раскинала свршувачката затоа што тој имал афера со Дијана.

Џејмс и Дијана

Романсата помеѓу принцезата и Џејмс започнала во 1986 година откако бил ангажиран да одржува приватни часови за јавање на принцезата. Неговите квалификации биле одлични затоа што поминал 17 години во кралската коњаница и бил еден од командантите во Заливската војна. Добил отказ во 1994 година по преписките со принцезата од Велс.

Да, го обожавав. Бев заљубена во него, но на крајот останав изневерена, изјавила Дијана во своето култно интервју со Мартин Башир.

Џејмс има напишано три книги за аферата со Дајана, па дури и учествувал во неколку реалити шоуа. Во неколку наврати, се обидел да продаде љубовни писма што му ги испратила принцезата, за што јавноста го обвини.

Џејмс Хјуит

Во 2011 изјавил дека во 90-тите бил на работ да си го одземе животот, но мајка му го спасила.

Тој имал мозочен удар и срцев удар пред четири години. Закрепнал, а денес бара љубов на Tinder и се надева на среќна бајка.