Зимата е сезона, во која нашата кожа има потреба од најмногу хидрирање и потхранување. Освен кожата на лицето и телото, не треба во никој случај да ги игнорираме и нежните зони.
Такви се секако усните кои на ниските температури често се испукани и предизвикуваат непријатност.
Токму од оваа причина ве советуваме да користите колку што можете почесто балсам за усни во текот на денот.
Бидејќи природните состојки се најдоброто средство за убавина, ви претставуваме неколку лесни рецепти, со кои ќе си го приготвите козметичкиот производ сами и тоа во домашни услови.
1. Балсам за усни со кокосово масло и какао
Измешајте кокосово масло со какао путер. Затоплете ja добиената смеса и додадете иста количина исечен пчелин восок и екстракт од ванила. Откако производот ќе достигне густа текстура, истурете го во празна кутија, која можете да јаносите секаде со себе. Оставете во фрижидер неколку часа пред употреба.
2. Балсам за усни со лимон и рузмарин
Потребни ви се исти состојки како во горниот рецепт, но додадете и 15 капки есенција од рузмарин и лимон. Измешајте со кокосовото масло, какао путерот и пчелин восок. Додека балсамот е уште топол, разделете го во практични контејнери.
3. Балсам за усни со нане
Земете малку вазелин, ставете го во соодветен сад и загрејте до примањето на течност. Измешајте една лажичка мед и половина лажичка масло од сладок бадем. Додадете малку екстракт од мента и оставете ја смесата на оган за 20 секунди. Потребен е еден час за стврднување.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















