Нова теорија за земање на течности за време на болест

941

Пиењето многу течности за време на болест не помага, а често дури и штети на здравјето, особено ако страдате од хронични болести, објавија научници во списанието BMJ Case Reports.

“Малку се доказите дека советот да се пие многу вода е добар начин човек да се соочи со обичните инфективни заболувања. Со такви лажни совети треба да се бориме, со оглед на бројот на смртни случаи и сериозни здравствени проблеми поврзани со развојот на акутна хипонатремија“, посочуваат Лора Ли и Маријан Норонја од Кралскиот колеџ во Лондон.

Како што посочуваат Ли и Норонја пред некое време во болница на Кралскиот колеџ побарала помош жена на 59-годишна возраст, страдала од хронично воспаление и инфекции на уринарно-половиот систем.

Лекарите и препишале антибиотици, аналгетици и одмор, но нејзината состојба се влошува повеќе – почнало да и се врти при одење, паѓала, периодично повраќала, се појавиле проблеми со говорот. Кога лекарите спроведоа повторни истражувања утврдиле дека крвта на жената содржи многу малку натриум – околу 10% помалку од минималната дозволена вредност, што значи дека таа развила т.н. хипонатремија.

По некое време жената признала дека постојано пиела по неколку литри вода на ден, следејќи го советот на лекарот,кај кого се прегледала последниот пат. Така таа се обидувала да го “исчисти својот систем” од инфекцијата. Но како резултат таа речиси се довела до смртта – акутна хипонатремија, која води до смрт во 30% од случаите. По наоѓањето на причината за чудната болест, лекарите и забраниле на жената да пие повеќе од еден литар вода дневно. Следниот ден таа се чувствува подобро и била пуштена од болница.

Ова откритие ги изненадило научниците – болеста се јавува исклучително ретко кај луѓе кои не се занимаваат со тешко физичко оптоварување, не земаат екстази или не страдаат од посебна форма на шизофренија, принудувајќи ги постојано да пијат вода.

Обично бубрезите и уринарниот систем може да се прилагодат на употребата на секакви количества вода. Оваа способност сепак изгледа се намалува, поради што неумереното пиење на вода може да ја влоши ситуацијата, а не да помогне за оздравување. Затоа лекарите препорачуваат да не се слушаат такви совети и да се пие само такво количество вода колку што ви се пие за време на болест.