Пријателот за секс може навистина да ви го скрши срцето

1247

Има нешто навистина ослободувачко во тоа да имаш пријател за секс. Не е потребно да излегуваш на состаноци, не мора да се преправаш, да се однесуваш провокативно или мистериозно. Можеш да си целосно природна и без да се заморуваш со тоа да правиш трикови за привлекување на мажот, да го имаш неговото тело!

Да, но сето завршува до телото. Неминовно доаѓа момент во кој тоа престанува да ти одговара. Работите остануваат на површината, од што малку или многу емоциите и психата страдаат.

Во даден момент веројатно имаме потреба од такво искуство и таков тип “врска”, која излегува од рамките на популарната идеја. Но, зошто не е добро да се задржат такви односи? Зошто тоа да имаш пријател за секс на крајот ќе го скрши вашето срце?

Да имаш пријател за секс ги спречува реалните односи

Колку и да ви одговараат слични необврзувачки врски со некого во одреден момент, тоа не би можело да трае вечно. Во некој момент ќе имате потреба од псилна врска, која ќе ви дава повеќе од само секс. Но ако не престанете со врската за секс, телефонот за специјални повици продолжува да биде присутен во листата и секогаш ќе го барате човекот кога имате потреба од телесна утеха (а и тој ви ја бара), никогаш нема да успеете да создаде реална врска со некој друг. всушност тоа не е пријателство. Колку и да мислите дека со овој човек всушност сте пријатели, не сте. Тоа не е пријателство во суштинскатасмисла на поимот. Го нарекувате така само затоа што всушност нема збор за означување на овие односи.

Замислете колку пати сте имале потреба од поддршка, сослушување и совет во тешки моменти. А сега проценете колку пати сте ги добивале од овој “пријател”.

Биохемиски е збунувачки

Кога правиме секс со некого, нашето тело ослободува специфични хормони. Нивоата на окситоцин се зголемуваат најмногу, а тој е хормон на среќата. Едно од многуте други работи кои ги прави овој хормон е да нè тера да се приврзуваме кон човекот или нешто што не провоцирало да се чувствуваме добро, односно да секретира окситоцин. Затоа некогаш едниот од двајцата почнува да чувствува подлабоки чувства кон другиот . Може разумот и психата да ви диктира различно нешто, но биохемијата на телото е таква каква што е.

Има причина всушност двајцата што не сте вистинска двојка

Во многу случаи пријателството со бенефиции е такво, бидејќи едноставно нема што друго да ве поврзе. Убаво ви е додека имате секс. Тој е неверојатен – со никого досега не сте доаѓале до такви моќни оргазми. Но, толку. Потсвесно огромните разлики меѓу ве стават во бездна, која ве дели.

Сè некогаш завршува

Реално “пријателствата со бенефиции” никогаш не завршуваат добро. Секогаш имаат крај. Тешко е да сте правеле одличен секс и во даден момент да застанете и да продолжите само со пријателството. Затоа овој термин всушност не е многу коректен. На крајот го губите тоа пријателство. И срцето може да остане скршено, иако сте се мислеле неженети.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.