Долготрајната употреба на марихуана може да доведе до промени во генетскиот код, но научниците се уште не се сигурни какви се последиците.
Спроведени се бројни студии за тоа како консумацијата на марихуана влијае врз една личност. Но, најновата од серијата, објавена во списанието Molecular Chemistry, ја истражува долгорочната потрошувачка на марихуана и дојдено е до малку изненадувачки наоди.
Имено, научниците од Northwestern University откриле дека редовното, долгорочно консумирање марихуана може да доведе до промени во генетскиот код на човекот, кој потоа може да се пренесе на неговите потомци.
За време на студијата, научниците гледале примероци од крв од повеќе од 1.000 возрасни лица во период од 20 години. Посебно внимание е посветено на епигеномот, хемиското соединение кое ја контролира генската експресија.
И покрај нејзината растечка популарност, како и неодамнешната легализација од неколку држави, ефектот на марихуаната врз епигенетските фактори не е добро проучен, рече Lifang Hou, епидемиолог од Northwestern University.
Претходно идентификувавме поврзаност помеѓу употребата на марихуана и процесот на стареење како што е доловено преку метилација на ДНК. Сакавме дополнително да истражиме дали специфичните епигенетски фактори се поврзани со марихуаната и дали овие фактори се поврзани со здравствените резултати.
Во примероците што ги собрале, истражувачите пронашле 22 маркери за метилација на ДНК поврзани со неодамнешната употреба и 31 поврзани со долгорочна употреба на марихуана.
Научниците откриле дека навистина има промени во епигеномот во форма на дополнителна метилација на ДНК (процес кој ја инхибира генската транскрипција). Што точно значат овие промени сè уште не е јасно, но познато е дека абнормалната метилација на ДНК е поврзана со развој на рак. Исто така, промените во гените може да се пренесат на потомството што се случуваат откако ќе се случи промената.
„Интересно е што постојано сме наоѓаале еден маркер кој претходно бил поврзан со употребата на тутунски производи, што укажува на заедничка епигенетска регулација помеѓу употребата на тутун и марихуаната“, објасни Lifang Hou, епидемиолог од Northwestern University.
Тој додава дека ќе бидат потребни дополнителни студии за да се утврди дали таквите промени се видливи кај различни популации, односно како тие долгорочно влијаат врз поединците, особено во контекст на претходните студии кои го поврзувале консумирањето марихуана со биполарните нарушувања и шизофренијата.



















