Почина Златко Славенски

2902

Златко Славенски, македонскиот режисер и драматург, почина денеска ненадејно во Скопје.

Славенски беше вработен како професор на Факултетот за драмски уметности. Роден е во Скопје 1966 година.

Славенски во богатата кариeра ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски, а потпишан е под бројни театарски претстави како „Соларис“, „Супернова“, „Папокот на светот“, „Бесови“.

Беше познат по неговите обиди да ги преиспитува границите на театарот како медиум.