Патник со својата лоша миризба предизвикал принудно слетување на авион

209

Рускиот музичар Андреј Сучилин предизвикал принудно слетување на авион на компанијата Трансавија, поради неподносливата миризба која се ширела од него.

– Мирисаше како да не се избањал со недели. На неколкумина патници им се слоши, изјавил еден од патниците во авионот.

Поради тоа, авионот морал да слета во Португалија, а на Русинот му била укажана и лекарска помош. Се покажало дека тој на летувањето на Канарските Острови, добил инфекција што му предизвикала некроза (предвремено умирање на клетките), и тоа било причина за смрдеата.

Кога ја откриле, инфекцијата веќе имала зафатено голем дел од неговото тело, па подоцна, 58-годишниот Сучилин и починал.