Се омажила на 4, се развела на 8 години

128

14-Годишниот младоженец, Арјун Бакриди, со својот татко дошол по 8-годишната невеста, но нејзиниот татко не сакал да ја предаде, по што следела кавга помеѓу татковците и развод.

Девојчето од северната индиска држава Андра Прадеш, Фатима Мангре, се омажила на 4, а се развела на 8 години со што станала најмалдата разведена девојка во светот. Причината за разводот била кавгата која се јавила помеѓу таткото на девојката и свекорот.

Имено, таткото на девојчето, Анил Мангре, не сакал Фатима да си оди од неговата куќа додека не наполни 18 години.

14-Годишниот зет, Арјун Бакриди, со својот татко дошол по 8-годишната сопруга, но Анил не сакал да им ја предаде, по што следела кавга помеѓу татковците и развод.

„Сфатив дека погрешив што прифатив да ја омажам ќерка ми толку млада. Таа има право на нормално детство, а мојата должност беше тоа да ѝ го овозможам“ – изјави Анил.

Разводот на момчето и девојчето ја потресе индиската јавност. Покрената е и истрага против татковците на двајцата малолетници. Иницијативата ја покрена членката на Националната комисија за жени во Индија, Нурмала Самант.