Суперјахтите од ден на ден се претвораат во понапредни, врвни ремек-дела. Watercraft X-01 е дело на DRF Tools, визуелен уметник од Москва.
Засега нема многу детали за оваа убавица која може да ги освои сите седум мориња, но галеријата во продолжение ни помага подобро да ја запознаеме.
Трупот на оваа јахта открива огромен хелиодром, кој ни дава добра идеја врзана за неговите димензии.
Неговата основна структура може да се подели на три дела – има една централна пловечка платформа која се чини дека не е во контакт со водата одоздола, а од страна се наоѓаат два масивни, странични трупови, што го прави да делува како напреден, џиновски катамаран.
Труповите се опремени со џакузи на самиот врв.
Главниот труп формира плажна палуба која може да се спушти до нивото на водата и содржи отворен простор, доволно голем за групно уживање во активностите.
Над палубата има простор за сончање со базен, заедно со футуристичките ложи.
Најинтересниот дел од оваа јахта е трупот, кој е украсен со прозорци во форма на саќе, што ни дава увид во животот под површината на водата.
Суперјахтата Watercraft X-01 е дело на DRF Tools, визуелен уметник од Москва. Засега нема многу детали за оваа убавица која може да ги освои сите седум мориња, но галеријата што ја придружува ни помага подобро да ја запознаеме.