Сите на училиште му се потсмевале поради забите, но неколку години подоцна … Видео

1556

Пред пет години, Evan Hill од Christchurch во New Zealand, беше најмногу познат по прекарот “момче зајак”, кој му го дале неговите сурови врсници.

Причина за тоа биле неговите невообичаено големи предни заби, кои било невозможно да не се забележат. Поради деформација на забите, Evan секојдневно бил исложен на потсмев од училишните другари и врсниците, но човештината сепак победила на крајот од оваа приказна.

Забите биле толку масивни што Evan не можел да ја затвори устата до крај. Но, неговите родители немале пари кои биле неопходни за да ја поправат неговата состојба.

Во желба да му помогне на синот, мајката на Evan дури размислувала да подигне кредит и да ја даде куќата под хипотека. Но, трошоците за неговата стоматолошка операција биле неверојатно високи.

Сепак, трогателната приказна за злоупотребата од страна на врсниците поради зајачките заби, како и неможноста на сиромашните родители да ја платат операцијата, стасала и до медиумите.

Илјадници луѓе од New Zealand и пошироко, одговориле со своето сочувство и десетици илјади долари почнале да се слеваат на сметката на Evan.

Кратко време потоа, неговото семејство собрало голема сума пари потребни за операцијата. Трошоците за сеопфатната дентална корекција изнесувале огромни 100.000 долари и потполно биле покриени со донации.

Останатите донации кои ги надминале потребите биле префрлени во посебен фонд за деца кои имаат потреба од стоматолошка интервенција, но и тоа нивните семејства не можат да си го дозволат.

По 5 години редовни посети на ортодонт, Evan сега конечно почнал да се смее.