НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ | Со чување на видот, ги задржувате менталните функции

134

Оштетувањето на видот е поврзано со слабеење на менталните способности кај постарите лица.

Слабеењето на видот може да биде поврзано со слабеењето на когнитивните функции кај постарите лица, покажало американското истражување.

Резултатите покажуваат дека мерките како што се нови очила или хируршко отстранување на катаракта може да има позитивно влијание врз напорите постарите лица да задржат остар ум, вели раководителот на истражувањето Diane Zheng од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мајами.

“Грижата за вашиот вид е важна за одржување на добрата когнитивна функција”, вели таа.

Лошиот вид и влошување на менталните функции се вообичаени кај постарите луѓе и поврзани се, но прашање е дали лошиот вид влијае на менталното здравје или обратно, напишал тимот во документот објавен во списанието JAMA Ophthalmology.

За да го истражат ова, научниците набљудувале осум години 2520 возрасни лица испитувајќи го нивниот вид и менталните способности секоја година.

Во текот на истражувањето било утврдено дека просечното слабеење на видот одговарало, грубо земено, на губење на способноста за читање на еден ред на букви на тестот за вид. Луѓето што имале полош вид на почетокот на истражувањето, имале уште полоши резултати на тестот за ментална способност.

Забележано е дека состојбата на видот на испитаниците во претходниот преглед се одразувало на менталната способност на следниот преглед. Иако состојбата на менталната функција при испитувањето ја одразувало состојбата на видот на следниот преглед, ефектот на оштетувањето на видот на менталната функција било значително посилен.

Zheng истакна дека механизмот на влијанието врз слабеење на видот за падот на менталната функција не е познат, додавајќи дека оштетениот вид ги обесхрабрува луѓето да се вклучат во активности кои го стимулираат мозокот, како што се крстозбори или комуникација со другите луѓе.

Затоа, таа препорачува редовни очни прегледи на видот кај постари и вонредни прегледи кај било какви нови симптоми на очите.

“Оваа студија дава дополнителни докази кои укажуваат дека луѓето кои одржуваат здрав вид со стареењето ќе ги заштитат своите ментални способности”, вели д-р Heather Е. Whitson од медицинскиот факултет на Универзитетот Дјук кој не бил вклучен во истражувањето.