Part 19 | Жива …

127

Повторно го почувствував животот како ми пулсира во секој дел од телово. После цели тринаесет и кусур години легнувајќи и будејќи се на исто раме ми се случи баш Тој и баш онака како што отсекогаш си замислував. Можеби ке речете дека после тој долг период со некого, хемија би можела да ми се случи и ако бакнев желка. Верувајте дека истото си го помислував ама еве скоро пет години оттогаш ќе навршат и не посакувам никој друг освен Тој да ме гушне и да ме бакне,да ме погледне … Нејсе …

Излегував и брзав ептен. Жива ненаспана, очиве ми солзеа од умор, студот не го ни чувствував, ама знам каде итав… Брзав да видам дали денот ќе ми го донесе пак како вчера. Стигнав на работа, нормална утринска рутина. Фрлив сè од себе и имав време додека чукне часот за работа. Со оглед на тоа дека Mr. Walker ‘се случи’ некоја зима пред мечокот -ова беше друго едно кафуле во центар каде саат време си кулирав пред работа .Влегов и стандард, сама, заспаниве сега отвараат. Ми носат кафе на маса и мрзоволно ме поздравуваат. Ама ич не ми пречеше што и ова утро им сметав што прва им се квакнувам на маса, па заради мене мораа да чистат автомати за кафе порано отколку вообичаено. Отварам телефон и нетрпеливо чекам да видам дека е”online”. Очите ми се ококорија во истиот миг и тука почнаа муабетењата.

Да се разбереме едно нешто-јас сум скроз наивна во ова, во неверства лаги и сплетки. Ама ни за миг не отстапував.

Искрена да бидам и незнам точно кои беа првите муабети кои си ги разменивме тој ден, ама тврдам дека за кратко време ми ја оживеа и најскриената мртва клетка во телово.

Од ден во ден чувствував како почнуваат да ми растат крилја. Ми ја растегнуваа кожата на лице садејќи ја најубавата насмевка на свет. Коренот им се ‘ртеше во стомак за на крај да ми ја исправат снагата и да продрат низ плешкиве. Тогаш бев семоќна. Точно сè можев да понесам на тие мои крилја. Не постоеше невозможно.
И не ! Сеуште се немавме бакнато,сеуште се немавме гушнато… Само муабетевме на телефон. И секогаш онаа негова слика и тој поглед ми се појавуваа пред очи. На усниве му ја чувствував мекоста на образот кој ноншалантно му го бакнав онаа вечер во “дупката” каде свиреше музика за разбивање флаши, чаши, аркади, вилици … Толку многу му се заљубив во погледот. Во тие очиња пред кои устата немо блееше оти немаше што да паметува.

Секоја вечер си легнував со иста мисла исчекувајќи го денот кога ќе го бакнам.Ќе му го фатам главчето со двете дланки и долго долго ќе го пијам со очи ,да му се изнагледам … Совршен беше … Совршен во секој fucking поглед .
Го љубев уште пред да го имам воопшто… И он мене, знаев …

Аххх…тешко на нас сонувачите кои светот не го гледаат како останатите … Па во немоќ да нè разберат секако ќе нè наречат …
продолжува …

Renata Milenkovska