Кога се подготвуваат за летување, многу луѓе немаат на кој да ги остават своите миленичиња, па веќе однапред знаат дека и крзнените членови на семејството ќе патуваат со нив на море.
Е, тука веќе се јавуваат различни грижи – како да го смирите миленикот, што треба да му се обезбеди за време на патувањето, со што да ги храните на море?
Три најважни работи
Прво, не заборавете да се распрашате дали во земјата во која патувате на граница бараат документи од вашето милениче. Во случај ако е неопходно миленичето да има пасош, а вие не сте го зеле, целиот одмор би можел да ви преседне.
Второ, распрашајте се дали хотелот или апартманот во кој ќе престојувате е “pet friendly”, т.е. дали дозволува престој на домашни миленичиња.
Трето, распрашајте се на време, кај вашиот ветеринар, дали вашето милениче треба да прими вакцина пред патувањето.
Запомнете дека вашите миленичиња, исто како и вие, имаат свои навики, па смислите однапред план за прошетка и земете со вас залихи на пелени, песок … Она на што вашето милениче навикнало дома. И не заборавајте да исчистите по него!
Исхрана на домашното милениче на море
Исто како како и кај човекот, така и на животното промената средината може “тешко да им падне”, особено кога станува збор за стомакот. Затоа е важно со себе да земете залихи на квалитетна храна за секој ден од одморот.
Сигурно сте виделе многу пати како сопствениците на плажа им даваат сладолед на миленичињата, тесто и нешто друго тие што јадат, но вие немојте да бидете еден од нив. Прво, таквата храна не е погодна за животните, а како второ, поради патувањето и високата температура, тие се дополнително чувствителни.
Балансиран буџет
Пред летување, обично се обидуваме да потрошиме што е можно помалку пари, но залихите на храна за домашните миленици нема да биде удар за буџетот ако знаете каде треба ја купите! Добитната комбинација се два исполнети услови – квалитетна храна за миленичињата и прифатлива цена.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.