Мажите се венчаат со жена во која не се заљубени

629

Една третина од мажите се оженети со девојка за која воопшто не мислеле дека таа е „онаа вистинската“, покажува истражувањето на веб страницата „Match“ во која учествувале 5.000 луѓе.

Една петина од жените потврдиле дека исто така влегле во брак со личност која ги поседува доблестите кои им се битни, иако во таа личност воопшто не биле заљубени.

Со оглед на тоа што не веруваат дека за секого постои идеална личност, испитаниците се согласуваат да се обврзат и да го поминат животот со жената во која не се заљубени.

Но, интересно е и тоа дека 20 проценти од мажите отишле и чекор понатаму во објаснувањата признавајќи дека никогаш не би се врзале со жена која сексуално не ги привлекува.

Желбата за женидба била многу посилна кај момците во дваесеттите, отколку кај оние во триесеттите години, а најголема потреба да се оженат имале мажите во четириесеттите години.

Резултатите покажале и дека 44 проценти од мажите во споредба со 50 проценти од жените сметаат дека лошиот секс може да ја уништи врската, додека жените се тие кои и понатаму во процесот на избирање на партнер ставаат нагласок на образованието и успехот во кариерата