„ЗАД СЕКОЈ ГОЛЕМ ЧОВЕК СТОИ ГОЛЕМ УЧИТЕЛ“ | 5-ТИ ОКТОМВРИ СВЕТСКИ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ

4577

Ако ги погледнеме најзначајните личности од македонската историја веднаш ќе ни падне во око дека голем дел од нив биле даскали, учители… или пак имале многу значаен учител зад себе кој што уште во раната младост им го одредил патот.

Така на пример неможете да зборувате за Александар, а да не го споменете Аристотел. Сето ова зборува за особената важност на образованието, и можеме слободно да кажеме дека „ЗАД СЕКОЈ ГОЛЕМ ЧОВЕК СТОИ ГОЛЕМ УЧИТЕЛ“.

За значењето на образованието зборува и извадокот од Прогласот кон Св. Евангелие на Константин Философ:

“А сега внимавајте будно со умот;
Слушајте ваму, слушајте слово, зашт од Бога
ни дојде.
Слово е храна за човечката душа,
Слово што крепи и срце баш и разум
Како што нема без светлина ни радост,
Така и душа ако е безбуквена не го познава
ни законот на господ.
Уста пак која сладост не осетува,
Прави човек да стане безчувствен камен.
Уште повеќе безбуквената душа меѓу луѓето
се покажува мртва.

Приказна друга, мошне мудра,
сега да раскажеме,
Што прилега на семе кое што расте колку
што Бог му делил.
Како семето кое на нива паѓа кога се сее
со вера за да расте,
Така човечки срца имаат нужда од букви
За дарот божји повеќе плод да роди.

На што приличат безкнижните народи.
Тие се неми и покрај смислен говор.
Дури и сите јазици да ги знаат без букви ними
не им користат ништо.
Народите без книга се голи.
Со овие букви што ви ја откриваат
мудроста господова јакнат вашите души.“

А еве што вели за истото големиот Григор Прличев:

“Иљачот прф шчо лекфит сфекоа штета откорен је учението.
Oа не го вељам јас, го велеет мажи умни. Урнек го имаме царот нас милостивен шчо знајт оти учението крепит царство и за учението му је првото гајле,
И катаден по сфето царство широко прајт схолја со нови тертипи, и каде да чујет некое дете остроумно и сиромашно, го земат потколтук, го учит со харч негов, и многу деца такфи пушчат во Европи да и прокопсат.

Свекој милет, колку појќе учение имат толку
подовлетлиа је.
Учи да знаиш да се чуваш. Ама ќе речиш ти, како можиме ние да се чуваме от сфе; Имат чаре, имат. Кое је чарето неможиме денеска да го велиме. Тоа се учит на схолие.
Ами ти во дождливо време си излегол по високи места со чадар, та рофјата си ја поводил по џелезото и те отепала,
Кој ти е кабаетлиа;
Ама шчо знам јас оти рофјата се водела по џелезото.
Ех учи, да знајш да се чуваш.“