“Никогаш северна, само Македонија” поднесе кривична пријава против претседателот и членовите на ДИК

125

Коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” поднесе кривична пријава против претседателот на ДИК Оливер Дерковски и членовите на државната изборна комисија.

Oливер Дерковски од Скопје, претседател на Државната изборна комисија и останатите членови на комисијата (Дитмире Шеху – потпретседател на ДИК; Јанакие Витановски – член на ДИК, Елизабета Постоловска – член на ДИК; Енвер Саљихи-член на ДИК; Радица Ристеска – член на ДИК и Борис Кондарко- член на ДИК) поради постоење на основано сомневање дека пријавените сториле кривични дела според член 178 од Изборниот законик (повреда и злоупотреба на избирачкото право; повреда на слободата на определувањето на избирачите и извршена измама) казниви според член 160 став 2; член 164 став 2 и член 165 од Кривичниот законик .

ЗАТОА ШТО:

И покрај уредното доставување и примените листи од страна на ДИК на кандидати за пратеници во сите шесте изборни единици за вонредните парламентарни избори во 2020 од страна на подносителот политичката партија Единствена Македонија под назив Коалиција “Никогаш северна само Македонија”, на гласачкото ливче наместо официјалното поднесено и прифатено име на Коалицијата стои име на политичката партија Единствена Македонија. На овој начин избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа Коалиција која ја сочинуваат неколку субјекти (политичка партија Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерни на ВМРО 1990 год) со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите како и измама на избирачите сé со цел да не гласат за реален учесник на изборите. Со овие дејствија претседателот и членовите на Државната изборна комисија сториле стек кривични дела според член 178 од Изборниот законик, а кои се казниви одредбите од Кривичниот законик поточно 160 став 2; член 164 став 2 и според член 165 од Кривичниот закони.

Кекеновски: ДИК направи тешка изборна измама спрема нашата коалиција, одговорност мора да има

проф. д-р Јове Кекеновски во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ поднесе кривична пријава против членовите на ДИК

Gepostet von Коалиција Никогаш северна – само Македонија am Montag, 20. Juli 2020

О б р а з л о ж е н и е

Пријавениот Оливер Дерковски како претседател на Државната изборна комисија (ДИК) како и останатите членови на комисијата (Дитмире Шеху – потпретседател на ДИК; Јанакие Витановски – член на ДИК, Елизабета Постоловска – член на ДИК; Енвер Саљихи – член на ДИК; Радица Ристеска – член на ДИК и Борис Кондарко – член на ДИК) со измама и несовесно постапување во службата свесно онезвозможиле избирачите јасно и недвосмислено да ја изразат својата воља на изборите 2020, доведувајќи ги во заблуда со промената односно со изоставањето на вистинското име на поднесената листа на кандидати за пратеници на Коалицијата “Никогаш северна, само Македонија”. Поточно и покрај уредно поднесените и прифатени листи на кандидати на Коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” под истото име, наместо реалниот и вистински назив на поднесената и прифатена листата од страна на ДИК, на избирачкото ливче стои друго име односно името на подносителот на листата кој е само еден сегемент од Коалицијата.

Имено на ден 12.03.2020 година од страна на подносителот политичката партија Единствена Македонија поднесени се листи на кандидати за пратеници за сите шест изборми единици со назив на листите “Никогаш северна само Македонија”.

Доказ: фотокопии од поднесени и прифатени листи на кандидати за пратеници од подносителот политичката партија Единствена Македонија на ден 12.03,2020 година во 23.20 часот и заведени во ДИК под број 881/1, 881/2, 881/3, 881/4, 881/5 и 881/6 .

На 65 седница на Државната изборна комисија одржана на 19.03.2020 година потврдени се поднесените листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија и називите под кои ке настапуваат на изборите, при што недвосмислено и јасно е потврдена и листата на кандидати од Коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” по што е извршена ждрепка и е утврден редослед на поднесените листи според кој Коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” е под реден број 11.

Доказ: Записник од 65 седница на ДИК како и Известување на ДИК од одржаната 65 седница на ДИК.

Записникот е јавно објавен на веб страната на ДИК, а редоследот од жребањето е објавен во голем број медиуми. – и други извори на инфорирање

Од ова Известување и Одлука на ДИК јасно може да се констатира дека согласно извршената ждрепка е утврден следниот редослед:

1. Алијанса на Албанците и Алтернатива – реден број 5.

2. ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија” – реден број 14.

3. Граѓанско демократска унија – ГДУ – реден број 7.

4. Демократска партија на албанците –ДПА – реден број 1.

5. Демократска унија за интеграција –ДУИ – реден број 9.

6. ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија – реден број 8.

7. Коалиција Можеме – реден број 3.

8. Левица – реден број 4.

9. МОРО – Работничка партија – реден број 12.

10. Народна партија на Ромите – реден број 13.

11. Никогаш Северна – само Македонија – реден број 11.

12. Политичка партија Глас за Македонија – реден број 6.

13. Политичка партија Демократи – реден број 2.

14. СДУ – Скопје – реден број 10.

И покрај оваа јасна и недвосмислена Одлука и констатација на членовите на ДИК, на избирачкото ливче на избирачите наместо утврденото и прифатеното име на листата на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” им е понудено новo име кое не соодветсвува со Одлуката и пријавата на листите за кандидати за пратеници, односно се појавува Единствена Македонија која никаде не е спомената ниту пак нотирана во Одлуката за прифаќање на листите од страна на ДИК како и при извршената ждерпка.

Доказ: Увид во гласачкото ливче како и доствена фотокопија од објавувањето на резултатите каде јасно може да се утврди дека на ливчето никаде ја нема Коалицијата “Никогаш северна, само Македонија”

На овој начин сторен е стек на кривични дела односно свесно е направена измама на избирачите и истите се доведени во заблуда и се оневозможени да го остварат своето право на глас за Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” односно свесно е сторена повреда и злоупотреба на избирачкото право и повреда на слободата на определувањето на избирачите казниви според одредбите од Кривичниот законик член 160 став 2; член 164 став 2 и член 165.

Посебно сакам да напоменам дека целата изборна кампања на овој учесник на изборите е воден под пријавеното, применото, запишаното и промовираното име на Коалиција а тоа е ,,Никогаш северна, само Македонија”.

Доказ: Аудио и видео записи, промовирани спотови и изјави на претставници на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија”

Иако членовите на Државната изборна комисија (ДИК) може да се повикуваат на член 60 став 6 од Изборниот законик кој гласи: ,,Назив на листата се определува според името на подносителот на листата” сепак истиот член селективно е применет од причина што тоа се однесува само на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија”, додека за останите подносители на листи на пратеници поддржани од другите коалиции (Коалиција Можеме – реден број 3 како и ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија” – реден број 14) е прифатено и на гласачкото ливче стои името на Коалицијата, а не на подносителот на листата.

Со ова дејствие на членовите на ДИК избирачите свесно се доведени во заблуда и се одвратени и оневозможени својот глас да го дадат за Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” со што претседателот и членовите на ДИК сториле тешки кривични дела казниви според одредбите од Кривичниот законик и истовремено свесно сториле сериозна материјална и нематеријална штета (ја нарушиле честа, угледот и достоинството на сите пријавени на поднесените и прифатени листи во сите шест изборни единици) на оваа Коалиција.

Врз основа на горе наведеното, предлагам да преземете соодветни мерки и како надлежно Јавно обвинителство да спроведете темелна предистражна и истражна постапка, и врз основа на дополително прибавени и изведени докази, факти, списи, акти, аудио и видео материјали како и доставените укажувања и основи на сомневање, да биде поднесено обвинение со кое пријавените ќе бидат обвинети за пријавените сторени кривични дела, наведени во кривичнава пријава.