Дали од сега вака ќе си играме концерти? Видео

1230

Погледнете го настапот на Flaming Lips, каде што и бендот и публиката се во меури. Американскиот бенд ги претвори заштитните мерки во сосема нов вид забава.

“Ние ја поздравуваме идејата за Flaming Lipps, но вакцината сепак изгледа како подобро решение” – напиша ТМЗ по концертот на овој бенд на кој и публиката и музичарите беа во меурчиња што ги исполнуваат сите стандарди за заштита од епидемијата.

Водачот на оваа група, Вејн Којн, се обиде да ја истурка својата идеја за настап во меурчиња уште од самиот почеток на пандемијата, бидејќи се чинеше забавно на многу нивоа: присатно е мултисензорно задоволство, нема недостаток на танц или интеракција, а сепак – никој не се допира. А тука е и сосема ново искуство со движење во балони.

Овој концерт официјално се одржува како тест за идните настапи на бендовите, но Флеминг Липс го искористи и за снимање кадри за спот. Групата се чини дека е задоволна од атмосферата, бидејќи Вејн го објави клипот на Интернет со едно големо „Yessssss!“

Според него, останува само да се испробаат различните концепти за да може повеќе публиката да присуствува на ваквите претстави.