Полнети пиперки со сирење

2882

Потребно

  • 250-300 гр сирење
  • 7 помали пиперки
  • 1 јајце
  • 2 лажици гриз
  • 3 лажици сецкана шунка
  • 2 лажици сецкани маслинки
  • 1 домат
  • зачини

Подготовка

Пиперките измијте ги и извадете ги семките.

Сирењето иситнете го, додајде ги јајцето, гризот, сецканата шунка, сецканите маслинки и зачини по желба.

Изедначете ја смесата и полнете ги пиперките, па затворете ги со кручкчиња домат.

Ставете ги пиперките во тепсија и оставете ги да се испечат.