Еве неколку начини како да се справите со пасивната/агресивната сопруга

1427

Иако сексуалниот однос е страствен момент во кој најдобро е да се исклучи мозокот и да се ужива во него, тоа не е секогаш така „благодарение“ на ситници поради кои понекогаш малку поцрвенуваме.

Ви ги пренесуваме петте најголеми непријатни ситуации во сексот кои им се се случуваат речиси на сите.

Упс! Каков е тој звук?

Вагиналните “ветрови” не се ништо ново. Меѓутоа, секогаш кога ќе ги слушнете за време на сексот или по неговото завршување, имате потреба да се оправдате или се засрамувате, но мора да знаете дека станува збор за сосема нормална појава која им се случува на сите.

Мокра дамка?

Не сум јас! Дамката на креветот помеѓу партнерите е предизвикана од ејакулатот. Тој може да биде негов, но и на жената. Женскиот ејакулат е всушност вагинална слуз. Таа за време на овулацијата е многу густа и леплива и тешко излегува на виделина. После овулацијата таа станува ретка и за време на односот може да заврши на чаршафот.

Зошто ме боли главата?

Не зборуваме за главоболка, туку за несмасни удари во главата за време на сексот. Во жарта на страста, удирањето на главата од ѕид или од креветот е честа појава која за момент може да ја “олади” ситуацијата.

Како оди оваа поза?

Ок… а, не е така? Новата врска освен голема страст, со себе носи и мали несигурности. Кога партнерите се` уште не се познаваат добро, промената на позите може да биде малку несмасна. “Што точно треба да направам? Што експериментира? Како рече дека оди оваа поза?” Неусогласеноста и недоволното познавање на партнерот понекогаш може да предизвика непријатност.

Дали е можно сега да ми се оди во тоалет?

Ова е многу честа појава за време на сексот. Но, треба да знаете дека се работи за нормална појава – притисокот на мочниот меур може да предизвика силна потреба за мокрење.